Трамп го замени сакото за пилотска јакна
За време на посетата на американската воздушна база во Јапонија, претседателот на САД, Доналд Трамп сосема неочекувано го соблече своето сако и го замени со воена пилотска јакна.
Додека им се обраќаше на војниците во базата, полковникот Кенет Мос му врачи на американскиот претседателот зелена пилотска јакна.
„Ова ми се допаѓа повеќе“, изјави Трамп пред да одржи говор.