Трамп и Путин за првпат се сретнаа во живо (Видео)
Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, првпат се сретнаа во живо и се ракуваа на самитот Г20 во Хамбург.
„Трамп и Путин се ракуваа и си рекоа дека подоцна ќе се сретнат на само“, соопшти Кремљ.
Американскиот претседател разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со британската премиерка Тереза Меј, во текот на дискусијата за борба против тероризмот.