Трамп и верува само на неа: Сè што не сте знаеле за Иванка Трамп

Иванка Трамп (35) е најпознатото дете на Доналд Трамп, а многумина велат дека токму таа е неговата „десна рака”. 

Веќе со години се пишува за нејзиното богатство, стилот, успехот, необичните маркетинг тактики. Многумина ја гледаат како целосна спротивност од нејзиниот татко Доналд. Како и да е, едно е сигурно: Иванка е најголемата поддршка, советник и десна рака на Доналд Трамп во сите негови деловни и политички потези.

Која е всушност жената која има најголемо влијание на претседателот на САД?

 1. Нејзиното вистинско име е Ивана, исто како и на нејзината мајка

Родена е на 30-ти октомври 1981 година, а нејзината мајка и го дала името Ивана. Во Чешка, Иванка е „нагалено” за Ивана, па така ја викале цел живот. Чехословачката деловна жена и поранешен модел, Ивана, беше првата жена на Доналд со која стапи во брак во 1977 година, имаше три деца (Иванка, Доналд помладиот и Ерик), а парот се разведе во 1992 година.

Иванка остана многу блиска со нејзината мајка и за неа вели дека е нејзината инспирација и пример.

2. Беше модел

Растејќи, Иванка се интересирала за креативно пишување, балет, актерство и моделство. Според Њујорк Тајмс, прв пат се појавила на телевизија кога Иванка била водител на изборот за Мис САД во далечната 1997 година. Со само 15 години, имала неколку излети во светот на моделството и тоа промовирајќи ги Versace и Tommy Hilfiger.

3. Го има татковиот смисол за бизнис

Иванка и се придружила на организацијата на Трамп во 2005 година и во краток рок и донела некои од највредните договори. Таа е ко-сопственик на хотелите на Трамп, заедно со нејзините браќа Ерик и Доналд помладиот.

Иванка произведува накит, поседува модна линија за облека, обувки и чанти. Има нашишано две книги, а третата е во подготовка и с еочекува годинава. Нејзиното моментално богатство е проценето на 150 милиони долари.

4. Сопругот го запознала на состанок на слепо

Нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го зпаознала во 2007 година кога се појавила на деловен состанок инициран од нејзин пријател, наместо кој се појавил Џаред. Две години подоцна, парот се венчал.

5. Посветена е на нејзиното семејство

Иванка и нејзиниот сопруг имаат три деца: Арабела (5), Џозеф Федерик (3) и Теодора Џејмс (10 месеци). Нејзините објави на друштвените мрежи се претежно со фотографии на кои е насмеана и во прегратките со своите деца, покажувајќи колку и е важно семејството.

6. Нејзиниот сопруг му помагаше на Доналд Трамп за време на изборите

Врската помеѓу Доналд и неговиот зет отсекогаш била блиска. Според Форбс, токму Џаред бил оној кој му помогнал на Трамп да победи на изборите. Велешани, што велите на ова?

7. Била пријателка со Челси Клинтон

Пред кандидатурите на Доналд и Хилари, Челси и Иванка биле пријателки. Често биле гледани заедно во јавност, но односите со текот на времето се оладиле.

8. Борец е за женски права

Иванка се бори за женските права, слободата на говорот, подолго породилно боледување…

9. Иванка со семејството се сели во Вашингтон

Иванка и Џаред со години живееја во Њујорк, но сега се селат во Вашингтон и тоа во изнајмена вила која ќе биде оддалечена само неколку блокови од Барак Обама. Иванка и нејзиниот сопруг доаѓаат во Вашингтон како поддршка на Доналд Трамп.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе