Свет

Трамп: Ким сака да лансира ракети, затоа и го викам „Рокетмен“

3. декември 2019 - 20:45 | Ф.З.

Американскиот претседател вели дека сѐ уште има доверба во северкорејскиот лидер, но додаде и дека е свесен за неговата желба да лансира ракети.

Доналд Трамп е во Лондон каде се одржува самит на НАТО. Пред почетокот тој доби неколку прашања од еден новинар, околу состојбата со проблематичната Северна Кореја и врховниот лидер Ким Џонг Ун.

„Тој милува да лансира ракети, нели? Токму затоа и го викам Рокетмен“, рече Трамп.

„Се надевам дека Ким ќе ја денуклеаризира Северна Кореја. Но, ќе видиме“, краток беше Трамп.

Северна Кореја испука два проектила со краток дострел минатата недела уште еднаш тестирајќи го својот ракетен фрлач. Тестот, светот го виде како предупредување до САД дека уште малку и ќе истече рокот што Ким Џонг Ун го постави за Вашингтон да покаже флексибилност околу прекинатите разговори за денуклеаризацијата на кореанскиот полуостров.

Коментирај