Свет

Трамп одговори на критиките на Мерил Стрип нарекувајќи ја „приврзаничка на Хилари

9. јануари 2017 - 16:43 | Макфакс

Избраниот американски претседател Доналд Трамп ѝ возврати на познатата холивудска актерка Мерил Стрип обвинувајќи ја за пристрасност и нарекувајќи ја „приврзаничката на Хилари“, откако таа жестоко го критикуваше на церемонијата на врачувањето на филмските и телевизиски награди Златен глобус во Лос Анџелес.

Во текот на разговорот со новинарите на весникот The New York Times, Доналд Трамп изјави дека не е изненаден од тоа што е „нападнат од страна на либералите од светот на филмот“.

„Мерил Стрип, една од најпознатите преценети актерки на Холивуд, не ме познава а ме критикуваше на вечерта на Златните глобуси“, напиша подоцна Трамп на својот акаунт на Twitter.

„По стоти пат ќе повторам, јас никогаш не сум го исмевал репортерот со посебни потреби (и никогаш не би го сторил тоа), туку едноставно укажав на неговата сервилност, кога тој сосема ја измени приказната од пред 16 години, којашто ја објави тогаш за да ме оцрни“, додава избраниот претседател на САД.

На церемонијата на доделувањето на Златните глобуси, којашто директно беше пренесувана на телевизиската мрежа NBC, Мерил Стрип, изјави дека во 2015 година Трамп го имитирал репортерот инвалид на The New York Times, Серж Ковалески.

„Имаше една постапка, којашто многу ме шокираше. Тоа е моментот кога човек, кој претендира на најважната позиција во нашата земја, му се потсмеваше на новинарот со посебни потреби – на оној над кој е тој супериорен во однос на привилегиите, моќта и можноста да пружи отпор“, рече актерката.

„Тоа на одреден начин ми го скрши срцето, а сé уште не можам да го исфрлам тој инцидент од главата, бидејќи тоа не беше филм. Тоа беше реалност“, истакна холивудската ѕвезда зад која стојат 250 филмови, трикратна добитничка на Оскар и осумкратна добитничка на Златните глобуси покрај триесетината номинации.

Во текот на кампањата за претседателските избори во САД, Мери Стрип отворено ја поддржуваше кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон,

Таа во Лос Анџелес, исто така, оцени дека „тој инстинкт да се понижи“, демонстриран од моќна личност во одредена мерка „им овозможува на другите да го прават истото“.

„Кога оние на власт ја користат својата позиција за да им се потсмеваат на другите, сите губиме“, додаде Стрип.

Актерката, исто така, говореше во одбрана на правата на новинарите и побара од нива да пројават принципиелност, вклучувајќи ги и процените за активностите на властите.

„Неопходно но ние е медиумите, придржувајќи се до цврстите начела, да ги принудува властите да одговорат, прозивајќи ги за секоја претерана постапка. Токму затоа татковците – втемелувачите на нашата држава го зацврстиле принципот на слободата на медиумите во уставот“, додаде Стрип.

Коментирај