Трамп повика на укинување на Уставот на САД

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските избори во 2020 година, односно да се врати во Белата куќа како претседател.

Ова е ново продолжение на политиката на Трамп за негирање на изборните резултати и форсирање нејасни теории на заговор, пишува CNN.

„Дали треба да ги отфрлиме резултатите од претседателските избори во 2020 година и да го прогласиме ВИСТИНСКИОТ победник или да одржиме НОВИ ИЗБОРИ? Масовната измама од ваков тип и големина дозволува укинување на сите правила и прописи, дури и оние што се наоѓаат во Уставот“, Трамп објавеио на социјалната мрежа Truth Social и ги обвини големите технолошки компании за соработка со Демократската партија. „Основачите на Америка не сакаа и немаше да одобрат лажни и фалсификувани избори“, додаде тој.

Објавата на Трамп доаѓа по објавувањето на интерните мејлови на Twitter кои покажуваат дека компанијата разговарала дали Twitter треба или не треба да дозволи објавување на сторијата на The New York Post за материјалите пронајдени на лаптопот на Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател Џо. Бајден.

Што вели Белата куќа?

Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, вчера изјави дека објавата на Трамп „оди против душата на нашата нација и треба да биде осудена од сите“.

„Не можете да ја сакате Америка само кога победувате. Уставот на САД е нашиот најважен документ, кој гарантира слобода и владеење на правото во нашата земја повеќе од 200 години“, рече Бејтс.

„Уставот го зближува американскиот народ, без разлика на партијата, а избраните лидери се колнат во Уставот. Тој е врвен споменик на сите Американци кои ги дадоа своите животи за да ги победат деспотите кои ја злоупотребија својата моќ и ги погазија основните човекови права“, додаде тој.

Што се разговарало во Twitter во 2020 година?

CNN објави дека интерните мејлови на Twitter покажуваат дека вработените во правните и комуникациските тимови на социјалната мрежа разговарале дали треба да се ограничи пристапот до сторијата на The New York Post за лаптопот на Хантер Бајден. Оние кои тврдеа дека треба да се ограничи пристапот до статијата се повикаа на политиката на компанијата за објавување хакиран материјал, но имаше и такви кои мислеа поинаку.

Дебатата во Twitter се одржа во пресрет на изборите во 2020 година, кога Џо Бајден, таткото на Хантер Бајден, се кандидираше против тогашниот претседател Трамп. Самиот Трамп минатиот месец најави дека повторно ќе се кандидира за претседател. Иако Трамп сè уште се смета за лидер на Републиканската партија, многу врвни луѓе се надеваа дека Трамп ќе престане да ги негира изборните резултати по релативно лошите резултати на партијата на неодамнешните избори.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе