Свет

Tрамп со луда идеја, ќе го купува Гренланд од Данска

16. август 2019 - 10:21 | Ф.З.

Американскиот претседател Доналд Трамп има нова идеја, можеби „најгенијална“ до сега: сака да го купи Гренланд од Данска.

Најголемиот остров на планетава е во сопственост на Данска која според Трамп се соочува со финансиски проблеми токму поради трошоците кои ѝ ги создава Гренланд.

Според весникот Wall Street Journal, Трамп неколкупати поројавил интерес за реализирање на оваа идеја, а како причина се наведуваат природните ресурси со кои располага Гренланд.

Токму наредниот месец Трамп ќе оди во посета на Кралството Данска. Доколку ја отвори темата со својот дански колега, тоа нема да биде првпат да се одржат такви преговори бидејќи во 1946 година Хари Труман им понуди 100 милиони долари на Данците за островот, но беше одбиен.

Претходно, во 1917 Американците ја откупија карипската група на острови Данска Западна Индија, денешните Американски Девствени Острови.

САД веќе има воена база на слабо населениот Греналнд во која се сместени 600 лица.

Коментирај