Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Неговата досега невидена способност да се движи природно и да врши други движења ја отвора вратата за потенцијално широка примена во широк спектар на полиња.

Центарот за иновации на хуманоидни роботи во Пекинг штотуку го претстави својот најнов хуманоиден робот TianGong, способен да трча со брзина од 6 километри на час, што претставува значителен напредок во развојот на роботиката.

Со висина од 163 сантиметри и тежина од 43 килограми, роботот има доволно лесна и стабилна конструкција што му овозможува стабилно и правилно да трча.

Опремен е со сензори за визуелна перцепција, високопрецизна инерцијална мерна единица и сензори за 3D вид. Сето тоа му овозможува да се движи ефикасно и стабилно во средината во која се наоѓа.

Покрај тоа, во роботот се вградени високопрецизни 6-димензионални сензори за сила, кои му даваат многу прецизна повратна информација за силата на движење.

Remote video URL
Природно трчање

TianGong користи сосема нов метод за учење на движечката вештина на хуманоидните роботи, што одигра клучна улога во постигнувањето на висок степен на способност за движење што го прави неговото трчање да изгледа природно.

Креаторите на роботот ја нагласуваат неговата компатибилност, што му овозможува да користи различни отворени комуникациски интерфејси и флексибилно да ги проширува софтверот, хардверот и другите функционални модули.

Сето ова го прави многу прилагодлив и го обезбедува неговиот потенцијал за различни намени и можности за примена.

Прилагодлив на секоја површина

За време на демонстрацијата на своите способности, TianGong успешно се движеше по нагорнини и скали, и без „визуелен влез“, т.е. само врз основа на сензори. Покажувајќи ја способноста да се прилагоди на променливо опкружување, роботот исто така ја покажа својата агилност да го приспособи одењето кога наидува на пречки или нерамен терен.ж

Remote video URL

Значајниот напредок во развојот на хуманоидните роботи кои Tiangong ги носи со својата способност да се движи природно и да врши други движења ја отвораат вратата за неговата потенцијална примена во различни области, како што се: операции за пребарување и спасување, одговор при катастрофи и помош и, секако, во преработувачката индустрија.

Роботот дефинитивно ќе мора да помине низ повеќе фази на развој и тестирање, но она што TianGong веќе го покажа е прилично импресивен чекор напред за роботиката.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе