Трејлер за „The Man Who Killed Hitler and Then The Bigfoot“ – филмот со најапсурдниот наслов оваа година
Култниот актер Сем Елиот минатата година ја почести публиката со неговата улога во „A Star is Born“, а оваа година ќе се појави во филмот со највпечатливиот наслов – „The Man Who Killed Hitler and Then The Bigfoot“.
Во овој филм, Сем Елиот ја има улогата на стар американски воен ветеран, кој е најмен за да ја води потрагата по митско суштество. Филмот е во режија на Роберт Кжижовски, а премиерата е закажана за 8 февруари оваа година.