Трејлерот за „Detective Pikachu“ го претвори Рајан Рејнолдс во Покемон
Детскиот сон за долгометражен Pokémon филм конечно станува реалност. Херојот на неколку генерации деца, Пикачу, оживува во новиот трејлер за „Detective Pikachu“ преку гласот на актерот Рајан Рејнолдс.
Зарем не сте го замислиле Пикачу како детектив? Не постои посладок детектив кој можете да го назначите на било кој случај. За да го видите на големото платно за жал ќе мора да почекате до мај 2019 година, за кога е закажана премиерата на „Detective Pikachu“.