Кошула на риги, омилениот пар фармерки и каубојки е сè што ви треба оваа есен.
Секоја жена треба да има лежерна кошула која може да ја носи врз тесниот фустан или во комбинација со фармерки.
Овој безвременски класик ќе биде хит во наредните месеци. Модните критичари тврдат дека овој тренд ќе ги преплави улиците на модните метрополи, а наскоро и бутиците.
Причината поради која кошулата на риги е популарна со години наназад е затоа што секогаш изгледа модерно, елегантно и лесно се комбинира. Како ќе изгледа вашиот стајлинг зависи од модните додатоци со кои ќе ја комбинирате.