Три чекори во кариерата што треба да ги направите во 30-тите

Експертите тврдат дека 30-тите години се одлично време за излегување од удобноста и воведување промени  што значително ќе влијаат врз вашата кариера.

Добар дел од 20-тите поминавте работејќи за да почнете да работите, да изградите подобро CV, да го научите занаетот, сега е време да ја видите поголемата слика и да се истакнете како професионалец во својата област.

Надградувајте се

Во 30-тите треба да го потврдите и зајакнете вашиот труд во кој сте вложувале во изминатите години. Најважно сега е да работите на збогатување на вашите вештини и на надградување. Луѓето често заглавуваат на една работна позиција, тапкаат во место и чекаат унапредување, со сознанието дека се добри во тоа што го работат. Но, напредокот ќе дојде само ако вложувате во себе и покажете дека сте подготвени за нови предизвици. Запишете курс по странски јазик, семинар за менаџери, научете графички дизајн или посетете предавање за поконкретна гранка од вашата област. На тој начин ќе може да понудите поинакви решенија за проектите на кои работите, ќе го раздвижите мозокот и секако ќе паднете во очи на шефовите за тоа унапредување.

Одржувајте добри односи со шефовите и колегите

Иако веќе имате зад себе години искуство, тоа искуство најверојатно сте го стекнале во неколку компании и на различни позиции. Градењето и одржувањето на добри односи со поранешните колеги и шефови е подеднакво важно колку и содржината на вашето CV кога барате нова работа. Компаниите денес бараат пред сѐ луѓе, а потоа професионалци во својата област.

Престанете да барате потврда за вашата работа

Сосема е нормално да сакате поддршка од пријателите и колегите, но културата на „лајкање“ и „тапкање по рамо“ нема да ве направи подобар професионалец и ве оддалечува од успехот. Добро завршената работа е успех и потврда за вашата способност само по себе. Ако сте добри во тоа што го работите, наградите и пофалбите нема да заостанат.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Живот

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе