Три години затвор за обвинетата која прегази 13-годишен велосипедист

Скопје, 19 јуни 2019 (МИА) – М.Л. обвинета за сообраќајната несреќа на „Илинденска“ во 2015 година во која загина 13-годишен велосипедист е осудена на казна затвор од три години.

Пресудата беше објавена денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, кој соопшти дека  М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член  300 ст. 4 од Кривичниот законик и е осудена на казна затвор во траење од три години“. Судот посочува дека против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Сообраќајната несреќа се случи на 18 септември 2015 година на булеварот „Илинденска“ кај Градскиот парк, а во текот на постапката беа изведени шест вештачења.

„Како што беше наведено и при објавата на пресудата, Судот смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и  почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници“, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе