Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 12:40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч. (34) од с. Катланово, Скопско, пријавила дека на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 17:00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д. (21) од Скопје пријавил дека на ул „Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Малку подоцна, во 18:45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј. (64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.