Три правила кои доведуваат до совршен секс

Психологот Михаил Лабковски одвои три главни правила коишто водат до добар секс.

1. Љубов кон себеси

Сексот е биолошка потреба, но многумина ја претвораат оваа потреба во игра. Сосема е нормално веднаш да не сакате секс со личност којашто уште не сте ја запознале добро. Или по караница, кога не ви е ни дојдено до секс и галење. Но, кога имате желба, но си велите „не“ за да манипулирате со желбата, тоа веќе претставува сериозен проблем.

Мажите исто така играат игри, бараат потврда за љубов низ сексот, а тоа доведува до различни последици. Се игнорира физичката потреба, а растат психолошките комплекси.

Потребно е да се свртите кон себеси, да ги почитувате вашите желби и да не се одрекувате од здравите сексуални потреби.  Ослободете се од моралните окови од детството, заборавете на тоа дека лошо ќе мислат за вас ако веднаш се согласите за секс со некого. Сакајте се со оној за кого имате желба, советува психологот.

2. Ослободете се од комплексите

Жените обично имаат проблем со убавината, мажите и технологијата. Некои сметаат дека не се доволно убави, па цел живот размислуваат за тоа. Други се плашат да преземат иницијатива па се несигурни и постојано го прашуваат партнерот дали му се допаѓаат, што им се допаѓа кај нив и слично.

За да биде сексот добар, треба да престанете да размислувате за вашите бутови или за целулитот. Мислете малку на партнерот, размислувајте што ви се допаѓа кај него.

3. Желбата е секогаш важна

Многу луѓе имаат секс, но не како што сакаат или во моментите кога сакаат. За некој тоа е вршење брачна должност, некој се заборава себеси само за да го задоволи партнерот, а некои се согласуваат на болен и непристоен секс за да го задоволат другиот.

Таквото однесување доведува до некои болести како еректилна дисфункција или вагинизам, кога и самата пенетрација задава болка.

Важно е да бидеме во состојба да кажеме „не“ кога едноставно не ни е дојдено до секс. Сексот никогаш не треба да се случува поради сожалување, чувство на должност и слично.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе