Живот

Три причини зошто го одложувате распакувањето на куферите

2. декември 2019 - 15:32 | М.С.

Кога станува збор за распакување на куферите, постојат два типа на луѓе- оние кои тоа го прават веднаш и оние кои распакувањето го одложуваат со денови и недели. Пред патувањето радосно се пакуваме, а кога ќе се вратиме распакувањето ни е мачно и го одложуваме. Зошто е тоа така?

Постојат неколку причини, а мрзливоста не е помеѓу нив.

Возбудата помина

Кога се пакуваме за претстојното патување, исчекувањето нè возбудува, а често правиме и список по кој се раководиме што сакаме да спакуваме, вели блогерката Џесика Нора која е и клинички психолог.

Кога ќе се вратиме дома, возбудата спласнува и немаме рок кога мора да се распакуваме, туку имаме обврска плус. Луѓето го одложуваат распакувањето за да го задржат задоволството.

Забавата е готова

Одложувањето на распакувањето на куферите е придружено и со негирање, смета клиничкиот психолог Тамара Гринберг. 

До одложувањето доаѓа кога сме нервозни поради нешто или имаме непријатно чувство во врска со работите кои ги избегнуваме. Распакувањето значи крај на некоја забавна авантура.

Причината може да биде и подлабока

Понекогаш, луѓето поради уморот или обрските го одложуваат распакувањето, но зад тоа може да се крие и анксиозноста.

Причината за анксиозноста може да зависи и од ситуацијата. Понекогаш луѓето одложуваат некоја обврска затоа што се грижат дека нема да ја направат како што треба. Распакувањето може да биде тешко за луѓето кои се незадоволни со работата, врската, домашните проблеми.

Коментирај