Три земјотреси ја погодија Србија ноќеска, се тресеше и во Косово

Земјотрес утрово повторно ја погоди Србија, а како што е наведено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, се стресоа Крушевац и Крагуевац.

Најсилниот бил синоќа во Крагуевац, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил во 19 часот и 25 минути, јавуваат српските медиуми.

Потресите продолжиле и во текот на ноќта, кога околу 2:30 часот земјотрес со јачина од 1,6 степени по Рихтер повторно го погоди Крагуевац, а нешто посилно беше погоден и Крушевац утрово околу 6:30 часот, со јачина од 1,7 степени на Рихтеровата скала.

Земјотрес имало и во Косовска Митровица во Косово што се случил во 2 и пол часот по полноќ, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Надлежните ги советуваат граѓаните да не паничат, да не се обидуваат да побегнат, туку да се симнат на подот, да се засолнат и да ги заштитат главите.

„Доколку сте внатре во куќа за време на земјотрес, неопходно е да најдете засолниште на безбедни места, како што се рамки на вратите, носечки ѕидови, место под маса, цврст мебел. Треба да ги покриете лицето и главата со рацете и да се скриете во аголот на внатрешните ѕидови на собата. Треба да останете таму додека трае земјотресот“, се наведува во препораките.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе