Живот

Трикови и совети за одржување на свежината на овошјето и зеленчукот

12. јули 2016 - 14:48 | И.М.

Сигурно често фрлате расипано или мувлосано овошје и зеленчук, за кое што се чусвтвувате како џабе да сте го купиле. За да ја продолжите свежината на овие намирници и да спречите нивно расипување, прочитајте ги корисните совети за храна во продолжение. 

Не го мијте овошјето и зеленчукот откако ќе го купите

Не го мијте овошјето и зеленчукот пред да го ставите на поличка или фрижидер, туку направете го ова пред јадење. Имено, ако го измиете претходно ќе ја отстраните природната одбрана на плодот против мувла и скапување.

Плодовите не сакаат многу влажна средина

Влагата предизвикува побрзо скапување и мувлосување. Затоа, кога можете ставете хартија на дното на кутијата во која го чувате овошјето или зеленчукот, за да го продолжите неговиот рок на траење.

Не е секој плод за во фрижидер

Важно е да се запамети дека овошје и зеленчук што сè уште не е созреан, не треба да се чува во фрижидер - ладното ќе предизвика побрзо расипување. Исто така, крставиците, бабурите и доматите не треба воопшто да се чуваат во фрижидер, туку на нормална, собна температура.

Сецкан зеленчук во вода

Исецкан и излупен зеленчук како морков, целер, марула и компир може да остане подолго време свеж ако го ставите во тегла или кутија во вода, во фрижидер.

Плодовите не сакаат многу ладно

Дури и она овошје и зеленчук што може да се чува во фрижидер, не треба да биде изложено на многу ладно, за да не ја изгуби аромата и свежината. Ставете ги во најтоплиот дел од фрижидерот, на пример во најдолната фиока. 

Компири

Компирите и кромидот треба да стојат раздвоени, бидејќи си штетат еден на друг. Компирите чувајте ги на страна од сонце, а за да останат подолго време свежи, ставете во корпата со компири неколку јаболка.

 

Коментирај