На YouTube каналот Carwow беше објавено соочување на три суперавтомобили со хибридна технологија и тоа Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 и Porsche 918.
Rivuelto е најновиот водечки суперавтомобил на Lamborghini, придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор комбиниран со три електрични мотори, што резултира со вкупна моќност од 1.015 КС и 1.062 Nm вртежен момент. Оваа брутална сила се испраќа до сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Тежи 1.772 кг.
Во срцето на Ferrari SF90 е 4-литарски V8, исто така поврзан со три електрични мотори, а неговата вкупна моќност е 1.000 КС и 800 Nm вртежен момент. Има погон на четири тркала, но е полесен за 202 kg од Lamborghini со своите 1.570 kg.
Porsche 918 има 4,6-литарски хибриден V8 мотор, кој испорачува „само“ 887 КС и 1.280 Nm вртежен момент, додека неговата тежина е 1.674 кг.
Во првиот круг Revuelto „избега“ за должина на автомобил пред Ferrari, додека Porsche остана зад себе по лошиот старт. Во средината на трката долга 402 метри, Ferrari почна да го достигнува лидерот и на крајот победи.
Во текот на втората трка, Revuelto повторно се претстави брилијантно, Porsche исто така започна добро, а Ferrari почна да се израмнува. Сепак, победата му припадна на Lamborghini.
Во третата трка беа сменети возачите, а овојпат победи Ferrari, второто место му припадна на Lamborghini, додека Porsche мина трет преку линијата.