Трка на титани: Mercedes AMG E63 S vs BMW M5 Competition
Колку и да се труди конкуренцијата, традиционално најдобрите модели од D сегментот доаѓаат од германските компании Mercedes и BMW. Истиот случај е и со спортските верзии на овие автомобили, каде жестоките ривали конкурираат со моделите AMG E63 S и M5 Competition. Кој од нив би победил во кратка трка?
Од едната страна го имаме Mercedes AMG E63 S со 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој има ограничена максимална брзина од 300 км/ч, додека од другата страна е BMW M5 Competition со 4,4-литарскиот битурбо V8 мотор и максимална брзина од 305 км/ч.
Директната трка помеѓу двата автомобили се одржа на 402-метарската патека и можете да ја видите во ова видео.