Живот

Тројки и оргии инспирирани од „Game of Thrones“ се хит во бордел во Невада

12. април 2019 - 13:07 | А.С.

Секс работничките кои „го усовршуваат најстариот занает на светот“ во легален бордел во Невада, САД, велат дека популарноста на серијата „Game of Thrones“ добро се одразува и на нивниот бизнис.

Исполнување на сексуални фантазии инспирирани од сцени во популарната ТВ-серија се меѓу најбараните услуги од нивните клиенти.

Серијата што се прослави со специфичната тематика, но и експлицитните секс сцени, очигледно го поттикнува сексуалниот апетит на фановите кои во борделот бараат тематско искуство инспирирано од ликовите во „Game of Thrones“, а меѓу најпопуларните се и барањата за оргии, вели Дејна, сопственичка на легалниот бордел „Sheri’s Ranch“ во Невада.

Според Дејна, фактот дека во серијата „отворено се промовираат бордели, неинхибирана сексуалност, тројки и оргии на малите екрани“ многу помогнал во популаризирањето на овие сексуални фантазии и кај „обичните смртници“.

„Серијата стана еден вид реклама за бордели. Гледаш сцена со бордел во ‘Game of Thrones’ и си викаш: ‘Сакам да одам на вакво секси место и да правам такви секси работи со секси луѓе’“, вели таа.

„Тоа што борделите беа толку експлицитно прикажани во поп културата беше дар од господ за нас“, додава Дејна.

Сексуалната работничка Скај открива дека најчести фантазии на клиентите се девојките да бидат облечени како ликови во серијата, а најбарани се Денерис Таргарјен и Санса Старк и дека почесто се бара „секс со играње улоги“, а не услуги со БДСМ елементи.

Коментирај