Турција поништи речиси 11.000 пасоши, над 1.600 школи се затворени

Турција поништила патни исправи на речиси 11.000 лица, главно државни службеници, соопшти министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, во врска со минатонеделниот неуспешен обид за воен преврат, а веќе се притворени 300 припадници на претседателската гарда и затворени се 1.669 приватни образовни институции.

Лицата чии пасоши се поништени, или се веќе во притвор, или се кријат, велат владини извори.

По неуспешниот пуч во кој загинаа 246 цивили и повеќе од 100 пучисти, а ранети е 2.185 лица, следеа масовни апсења и отпуштања од државните служби. Уапсени се повеќе од 10.000, уште 55.000 луѓе се отпуштени или суспендирани од работните места.

Приведени се илјадници војници, меѓу кои и 300 припадници на претседателската гарда кои се грижат за безбедноста на највисоките турски функционери, стотици судии и обвинители, како и полицајци. Масовните откази се спроведени во државниот апарат, во министерството за внатрешни работи, Националната разузнавачка организација (MIT), Главната управа за религија, министерството за образование и институциите кои се под него.

Претходно беше објавено дека од должноста се сменети 6.538 службеници на министерството за образование на различни нивоа.

Високиот совет за образование на Турција донесе забрана за патување во странство за универзитетските професори и научници, а од оние кои се веќе во странство побара итно да се вратат во земјата.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе