Турски авиони почнаа да ги бомбардираат курдските милиции во Сирија

Истанбул, 9 октомври 2019 (МИА) – Турските воени авиони почнаа со бомбардирање на позициите на курдската милиција во стратешкиот северен сириски град Тел Абјад, јави државниот радиодифузер TRT.

Турските единици, стационирани на околу шест километри од Тел Абјад, целат складишта за муниција, соопшти TRT, покажувајќи снимки, на кои се гледа како се издигнува чад од областа.

Портпаролот на курдските сили Мустафа Бали изјави денеска дека турските авиони почнале да напаѓаат „цивилни подрачја“ во северниот дел на Сирија. Тој на Twitter објави дека нападите предизвикале „огромна паника меѓу луѓето во регионот“.

Претходно и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека почнал влезот на Турција во Сирија.

Официјална Анкара неколку дена ја распоредуваше војската околу границата со Сирија за напад против курдските борци, кои пак во борбата против терористичката Исламска држава беа поддржани од САД. Но, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече американската војска од регионот за Турција да може да ги спроведе планираните напади врз Курдите, кои во Турција се сметани за терористи.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе