Свет

Туск: За седум часа ќе се знае кога ќе се случи Брегзит

16. октомври 2019 - 17:56 | МИА

Варшава, 16 октомври 2019 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави дека за седум или осум часа би требало да биде познато кога ќе се случи Брегзит.

– Теоретски, за седум до осум часа би требало да се донесе одлука, истакна Туск.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит кој почнува в четврток во Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон и понатаму верува дека неговата земја ќе излезе од Унијата на 31 октомври. 

Коментирај