Уапсен сибирски шаман кој тргнал да го избрка Путин од Русија

Москва, 19 септември 2019 (МИА) – Сибирски шаман кој пешки тргна на долг пат до Москва за да го истера претседателот Владимир Путин од Кремљ е уапсен од руската полиција, пренесуваат руски медиуми.

Полицијата на Бурјатија, руска република во источен Сибир, објави дека ноќеска го уапсила шаманот Александар Габишев на автопат кај Бајкалското Езеро. Тој бил вратен во родната Јакутија, каде го бараат поради извршено злосторство, соопшти полицијата. Сведоци велат дека шаманот бил одведен од 40 маскирани и вооружени лица.

50-годишниот Александар Габишев тргна пеш низ најголемата земја во светот во март и планираше да пристигне во Москва во 2021 година. Неговата желба беше да го избрка Путин откако ќе дојде во главниот град, велејќи за Путин дека е „ѕвер“ и „демон“ кој ќе ја разори земјата.

Во изминатите неколку недели, мала група следбеници, убедени од неговите изјави за рускиот претседател, му се придружија на патувањето од 5.000 километри помеѓу Јакутск и Москва. За него се снимени неколку репортажи објавени на руски државни канали, по што тој имал проблеми со локалните власти. 

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе