Уапсени 13 осомничени лица за нападите во Шри Ланка

Коломбо, 22 април 2019 (МИА) – Полицијата уапси 13 луѓе под сомнение дека се поврзани со вчерашните терористички напади на Шри Ланка, изјави синоќа министерот за одбрана Руван Вијеварден.

Тој додаде дека при самоубиствените напади врз цркви и хотели загинаа над 290 луѓе, а стотина беа повредени.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремешинг наведе дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во земјата. Тој истакна дека Владата ќе ги искористи сите можни овластувања да дејствува против одговорните за нападите.

Надбискупот на Шри Ланка, кардинал Малком Ранџит побара од Владата „без милост“ да ги казни одговорните за нападите, додавајќи оти „само животните можат вака да се однесуваат“.

Вчерашниот напад на Шри Ланка беше најголем уште од 26-годишната граѓанска војна, кога бунтовничката група Тамилски тигри извршуваше голем број бомбашки напади за независна тамилска држава во северниот дел на Шри Ланка. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more
 

Вести

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе