Уапсени четворица осомничени за убиството на братот на Ким Јонг-ун

Малезиската полиција уапсила четири лица осомничени за убиството на 40-годишниот Ким Јонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Според малезиските медиуми, полицијата во Куала Лумпур уапсила маж кој наводно е поврзан со убиството на Ким Јонг-нам. Во моментот на апсењето кај него е пронајден пасош на Северна Кореја, а сега се проверува неговата валидност. Се истакнува дека во пасошот на приведениот маж имало штембили дека повеќепати престојувал во Малезија.

Полицијата прецизира во соопштение дека осомничениот е идентификуван како Ри Џонг-чол, роден на 6 мај 1970 година.

Покрај тоа, весникот China Press пишува дека полицијата распространила до сите полициски станици фотографии на четворица мажи, осомничени за убиството, по кои е распишана потерница.

Претходно беше објавено дека полицијата уапсила две жени за убиството на Ким Јонг-нам. Станува збор за 29-годишна државјанка на Виетнам и 25-годишна државјанка на Индонезија, а потоа е уапсен и 26-годишен државјанин на Малезија, кој бил во врска со Индонезијката.

Ким Јонг-нам почина оваа седмица по напад на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Јужнокорејски и американски функционери соопштија дека го убиле агенти на Северна Кореја.

Северна Кореја соопшти дека категорично ќе ги отфрли резултатите од обдукцијата во Малезија и ја обвини оваа земја за „заговор со надворешни сили“, притоа алудирајќи на Јужна Кореја. Пјонгјанг го побара телото на Ким Јонг-нам веднаш да биде предадено, а претходно се обидуваше да ги увери малезиските власти да не ја направат обдукцијата.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе