Хроника

Уапсени четворица скопјани за поседување марихуана

13. септември 2019 - 16:21 | МИА

Во три одделни случаи скопската полиција во изминатово деноноќие уапсила четири лица за поседување марихуана.

Денеска во 01:45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф. П. (20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 12:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Вергино“ ги лишиле од слобода С. Ш. (26) и Д. М. (31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:50 часот на Рекреативниот центар Езеро Треска го привеле С. Г. (43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментирај