Уапсени осомничени за бруталното убиство на полицајците во Сараево

Полицијата во Босна и Херцеговина синоќа уапси три лица за кои постои сомневање дека се поврзани со бруталното убиство на двајца полицајци во центарот на Сараево. Двајца од осомничените по распитот се задржани во притвор, соопштија денеска официјални извори.

Припадници на државната полициска агенција СИПА во текот на ноќта во областа Рогатица во источна Босна уапсија три лица кои се верува дека се поврзани со автомобилската мафија. По распитот се предадени во надлежност на МВР Сараево.

Полицијата во Рогатица го најде автомобилот Range Rover што беше спомнуван во медиумските извешаи како возилото што го користеле лицата кои ги ликвидираа двајцата полицајци со огнено оружје. Во тек е вештачењето на возилото.

Едниот од уапсените ѝ е познат на полицијата од претходно

Локалните медиуми објавија дека апсењето во Рогатица се случило по подолго следење на сомнителни лица. Новинската агенција на Република Српска објави дека едниот од уапсените ѝ е познат на полицијата од претходно бидејќи бил уапсен и во рамки на акцијата „Волан“, најголемата истрага досега во БиХ во борбата против автомобилската мафија.

Во текот на акцијата за убиството на полицајците Адис Шеховиќ и Давор Вујиновиќ беа приведени и испрашувани повеќе од 80 лица и беа извршени рации на 12 локации. Полицајците беа убиени во раните утрински часови на 26 октомври откако наишле на возило пријавено за украдено. Двајцата беа убиени од рафален оган уште пред да излезат од службеното возило и не отвориле оган пред да биде пукано во нив.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе