Убавите коли убаво горат: Lamborghini во пламен, минувачите пукаат сеир

Црн Lamborghini Huracan Performante одеднаш се запали во центарот на Бостон, а несекојдневната глетка го привлече вниманието на љубопитните минувачи кои веднаш ги извадоа мобилните телефони за да го снимат „ѕверот во пламен“.

Суперавтомобилот вреден 300.000 долари се запали сам од себе во петокот во близина на Јавната библиотека во Бостон.

Иако пожарникарите за кратко време стигнаа на местото на инцидентот и го изгаснаа пожарот, скапоцениот автомобил е сериозно оштетен и најверојатно му нема спас. Во пожарот за среќа, немаше повредени.

Точната причина за пожарот не е позната, но судејќи според снимките, огнот избил на задниот дел на скапиот спортски автомобил, во делот каде што е сместен моторот.

По гасењето на пожарот, пожарникарите дополнително го оштетија автомобилот бидејќи мораа да исечат делови од каросеријата за да проверат дали некаде во внатрешноста тлее оган.

Љубопитните минувачи го снимаа несекојдневниот инцидент и ги објавуваа снимките на социјалните мрежи небаре е некаква атракција, а не сериозен, потенцијално опасен инцидент. Не кои од нив дури и отворено „пукаа сеир“, дофрлаа шеги и позираа со запалениот скап автомобил.

Моделот Huracan Performante дебитираше на саемот за автомобили во Женева во 2017 година. Автомобилот користи 5,2-литарски V10 мотор со 631 кс, а од 0 до 100км/ч забрзува за 2,9 секунди.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе