Свет

Убиецот од Монруж соработувал со Шариф Каши

9. јануари 2015 - 14:00 | Макфакс

Човекот кој стои зад вториот напад во Франција, што се случи вчера во Монруж на југот од Париз, бил познат соработник на Шариф Каши, еден од напаѓачите во редакцијата Charlie Hebdo.

Се шпекулира дека и тој е дел од „Бут шомот“, терористичка мрежа чиј дел се и браќата Каши.

Двајца членови на семејството на напаѓачот се уапсени.

Осомничениот пукаше во полицајка на југот од Париз, додека таа се справувала со сообраќајна незгода. Таа почина од здобиените повреди.

Неговиот напад се случи еден ден по нападот на редaкцијата на Charlie Hebdo, кога беа убиени 12 лица.

Коментирај