Убијци, крадци и киднапери: Најзлобните негативци во видеоигрите

Во чест на премиерата на филмот „Venom“, решивме да им посветиме повеќе внимание на негативците во поп-културата. Овојпат нема да ги анализираме филмските негативци, туку оние кои директно ви застануваат на патот за да се соочат со вас – негативците од видеоигри.

Негативците, посебно оние во видеоигрите, се оние кои ја водат приказната. Обично тие се во центарот на дејството иако главниот лик можеби има поголема улога, бидејќи целта најчесто е да се елиминира негативецот.

Постои огромен избор на негативци од видеоигри, но ние решивме да не се фокусираме на најдобрите, туку на оние најлошите. Што позлобен и неподнослив – тоа подобро.

Тревор Филипс („Grand Theft Auto V“)

Скоро секој од ликовите од „GTA“ франшизата се квалификува како негативец или анти-херој, но ниту еден од нив не може да дојде на нивото на одбивност кое го поседува Тревор Филипс. Можеби тој не е традиционален негативец бидејќи во текот на играта често играте со Тревор, но тој не престанува да биде лажго, крадец и убиец дури и во времето кога не играте со него.

Агент 47 („Hitman“)

Најголемиот ладнокрвен убиец на листава е ѕвезда на франшизата „Hitman“, а со него играте во текот на целата видеоигра. Паметниот трик кај него е што при играњето со него добивате повеќе поени ако убиете помалку луѓе, наместо повеќе. Тој е неподнослив, но барем е тивок и затоа најде место на нашата листа.

Џокер („Batman: Arkham Asylum“)

Не се работи само за психопатската природа на ликот, туку и на тоа колку тој станува одбивен како што напредувате во играта. Во текот на целото играчко искуство имате впечаток дека Џокер може да го предвиди секој чекор на Бетмен, и тоа е точно, бидејќи двајцата во суштина се многу слични еден на друг.

Ваас Монтенегро („Far Cry 3“)

Има причина зошто Ваас стана заштитен знак на целиот серијал, иако се појави само во „Far Cry 3“ – тој е најлудиот лик кој ќе го сретнете во светот на видеоигрите. Дилер на дрога, пират и киднапер, Ваас исто така ужива во насилство и заробување на неговите сограѓани од островот. Неговиот најголем проблем е тоа што е непредвидлив, може да ве застрела ако не му е денот, но токму тоа го заработи неговото место на оваа листа.

Вандер („Shadow of the Colossus“)

Мало предупредување пред описот на ликот: од самиот почеток на „Shadow of the Colossus“ може да се почувствува дека нешто не е во ред со играта. Океј? Да продолжиме. Значи, Вандер (ликот со кој играте) е вистинскиот негативец во оваа приказна. Како што се одвива играта дознавате дека ликовите кои ги убивате немаат направено ништо лошо, а кожата на Вандер обледува со секое убиство и полека му растат рогови на главата. На самиот крај од оваа видеоигра ќе дознаете зошто Вандер е толку злобен и со што го заслужи местото на оваа листа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе