Еден од најдобрите фудбалски клубови во Србија, Партизан, во наредните три години нема да може да настапува во европските купови.
Финансиската комисија на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј на три години го исфрли фудбалскиот клуб Партизан од европските купови. Се работи за сума од 360.000 евра. Белградскиот клуб, исто така ќе мора да плати и казна во износ од 3.000 евра.
Во Партизан не биле загрижени од одлуката на УЕФА, со образложение дека се работи за условна казна и дека суспензијата нема да биде активирана доколку клубот ги подмири долговите до 31. јануари.
Поради слични проблеми УЕФА ја суспендира Црвена звезда на една година, кога клубот ја освои шампионската титула во Србија.