УЕФА објави дека годинешниот летен преоден рок на фудбалери беше рекорден.
Клубовите кои настапуваа во Лигата на шампионите потрошија 29 отсто повеќе пари од претходната година, а 19 отсто повеќе во однос на 2017 година.
Вкупно се потрошени 3,98 милијарди евра. Тие средства се наменети за 32 клуба во ЛШ и 48 во Европската лига, а 42% од клубовите ги надминаа рекордите.
Скоро половина од сите трансфери (47 проценти) се играчи на возраст од 21 и 24 години.
Во соопштението на ФИФА се наведува дека 75,7 проценти од вкупните пари се наменети за фудбалските клубови од Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија.
После англиската, шпанската лига е втора на светот во која во времето на трансфери се потрошени повеќе од милијарди долари (околу 1,17).