Останати спортови

УФЦ сака Конор Мекгрегор да направи камбек со Гејџи

15. октомври 2019 - 9:56 | А.С.

Камбек борбата на Конор Мекгрегор ќе биде против Џастин Гејџи, ако се исполни планот на УФЦ.

Ирската ММА суперѕвезда се нема борено откако неславно изгуби од неговиот најголем ривал досега, Хабиб Нурмагомедов, во борбата на УФЦ 229 лани во октомври.

Дејна Вајт, директорот на УФЦ, му понуди на Мекгрегор да се врати во октагонот на настанот 245 во Лас Вегас на 14 декември.

Тренерот на Ирецот сака тој прво да се соочи со борачот Френки Едгар, борба што ќе му помогне да се подготви за евентуален реванш со Хабиб.

Меѓутоа, ММА менаџерот Али Абделазиз во интервју за TMZ изјави дека УФЦ сака Мекгрегор да се бори против Гејџи.

„Само сакаат да се бори со Џастин“, тврди тој.

Гејџи неодамна го нарече Мекгрегор „кукавица“ откако овој го прозва Френки Едгар и потоа го игнорираше.

Американскиот ММА борач, кој има скор од 20-2, за ESPN изјави:

„Конор постојано вели дека ќе се бори, ама мислам дека тоа не е вистина. И кога не сака да се бори, прозива борачи како Френки Едгар. Не сакам да покажам непочитување кон Френки Едгар, ама тој е 13 килограми полесен од нас и тоа е кукавички потег. Човекот длабоко во себе е кукавица. Јас го знам тоа, тој го знае тоа, некои тука го знаат тоа. И ако јас се борам со него, ќе му покажам на светот дека токму тоа е она што тој не го сака“, рече Гејџи.

Коментирај