Непознат сторител во четвртокот украл пиштол, куршуми и лични документи од автомобил кој бил паркиран на улица „Орде Чопела“ во Скопје.
Автомобилот со тетовски регистaрски таблици во сопственост на триесет и осумгодишен жител на тетовското село Јегуновце.
Крадецот насилно ја отворил совозачката врата и одзел кожна чанта во која имало пиштол, 17 куршими, како и лични документи.
Бил извршен увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.