Хроника

Украдени пушки и пиштоли од куќа во ресенско

19. јануари 2016 - 14:18 | Макфакс

Неколку пушки и пиштоли биле украдени од куќа во селото Наколец, ресенско, во неделата, соопшти полицијата.

Имено, во неделата околу 16 часот во полициската станица во Ресен, било пријавено дека во временски период од 3 до 17 јануари 2016 година, непознат сторител со насилно отворање на прозор од куќа сопственост на Н.У. од село Наколец, извршил кражба.

Крадецот однел ловна пушка „Бајкал“ МП-155, пиштол „Застава“ калибар 9мм, ловен карабин „Застава“, гасен пиштол „Зораки“ и воздушна пушка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Коментирај