Украина гради ѕид на смртта со 42.000 змејски заби, долг е 1.000 километри

Макфакс
/ 12.03.2024 / 15:14

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека армијата на Киев гради одбранбена линија долга повеќе од 1.000 километри.

По средбата со воените лидери, Зеленски на својот канал на Telegram објави дека украинскиот премиер Денис Шмихал известил за „темпото на изградба на нови одбранбени линии“, кои ќе поминат приближно 1.000 километри преку три одбранбени линии. Според украинскиот лидер, зајакнувањето на одбранбените позиции на Киев „е огромна задача, но темпото засега е добро“.

„Сметам на навремено завршување“, додаде Зеленски.

Украина работи на прегрупирање и надополнување на силите откако Русија ја постигна својата прва голема победа на бојното поле по неколку месеци, бркајќи ги силите на Киев од Авдијивка минатиот месец и туркајќи го источниот фронт понатаму на украинска територија.

Шмихал во јануари објави дека украинската влада потпишала дополнителни 455 милиони долари за „изградба на инженерско-технички и фортификациски конструкции, соодветна опрема и системи на неексплозивни бариери“.

Британското Министерство за одбрана во извештајот на разузнавањето во неделата соопшти дека Украина речиси сигурно ја забрзала изградбата на своите одбранбени позиции. „Мерките вклучуваат противтенковски змејски заби и ровови, пешадиски ровови, мински полиња…“, објави британското разузнавање.

„Многу е веројатно дека проширувањето на одбранбените линии ќе ја намали способноста на Русија да напредува или да ги искористи тактичките придобивки како дел од нејзините тековни офанзивни операции“, додаде британското Министерство за одбрана.

Портпаролот на воената група Тавриск во источниот дел на Украина во петокот на националната телевизија изјави дека условите околу Авдијивка се стабилизирале и дека руското напредување е запрено.

The Wall Street Journal минатата недела објави дека Украина работи на зајакнување на своите одбранбени позиции во очекување на руска офанзива напролет повикувајќи се и на западните и на украинските официјални лица. Според украинскиот командант Максим Жорин, киевските трупи градат ровови и противтенковски пречки за да ги одбијат руските напади.

Украинскиот копнен командант, генерал-полковник Олександар Пављук, рече дека Киев работи на стабилизирање на линијата на фронтот и подготовка за сопствена контраофанзива подоцна оваа година.

Украинското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави серија фотографии и видеа од изградбата т.н. ѕид на смртта, кој се состои од противтенковски пречки, подземни бункери, утврдени ровови, бетонски стапици, змејски заби…

Одбраната што ја градат Украинците потсетува на руската брутална линија Суровикин, огромен комплекс од утврдувања и мински полиња изградени од поранешниот генерал Сергеј Суровикин, што ја прекина големата украинска контраофанзива минатата година.

Според западните медиуми, украинската одбрана се состои од дури 42.000 змејски заби.

 

„Навистина, денес градиме утврдувања во целата наша земја. Во регионот на Запорожје градиме утврдувања заедно со армијата. Некои се изградени од армијата, а некои од цивилни изведувачи, каде што е можно. Тие се состојат од голем број компоненти почнувајќи од противтенковски ровови, змејски заби… сè што може да го забави или запре минувањето на непријателските возила“, изјави началникот на регионалната државна управа на Запорожје, Иван Федоров.

„Се обидуваме да ги подобриме одбранбените капацитети, така што престојот на нашата армија не само што е безбеден туку и удобен при извршувањето на борбените мисии“, додаде тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе