Улогата на медиумската писменост во справување со стереотипите и предрасудите

Стереотипите од кои произлегуваат предрасудите се разбиваат само со запознавање и во директна комуникација со луѓето кои се различни по некоја основа – родова, етничка, верска, социјална, сексуална ориентација… Сличностите треба да се поддржуваат, а разликите да се почитуваат. Важно е младите да бидат едуцирани како да расудуваат, да знаат како да реагираат на стереотипи и која е нивната одговорност во споделувањето такви информации, особено на социјалните мрежи каде што тие се најраспространети.

Ова се дел од заклучоците од панел-дискусијата „Преку медиумската писменост образуваме млади генерации без предрасуди и стереотипи“ организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Во наставните програми во некои предмети за основците, како Граѓанско образование, Мајчин јазик, Општество, Историја… се опфатени содржини со кои на прилагодлив начин им се помага на учениците да ги надминат стереотипите, а новата концепција се темели на три сегменти во таа насока: инклузивност, родова сензитивност и мултикултура.

Викторија Пауноска, наставник во ОУ „Љубен Лапе“-Скопје, рече дека медиумската писменост воведена во содржини од наставните програми од прво одделение е добредојдена и одѕивот на наставниците е позитивен.

– Од најрана возраст ние образуваме медиумски писмени личности коишто ќе имаат одговорност и критички осврт на секоја информација и содржина што ќе доаѓа до нив. Ние сме на почеток на тој процес и затоа ни се допаѓа што воопшто се воведе ваков вид едукација во основните училишта што понатаму ќе биде добра основа и потпора кога учениците ќе стигнат во средните училишта и на факултет. Со медиумската писменост ги воведуваме во процесот како се случуваат информациите и како да се справуваат со нив –  да знаат како да реагираат и како да ги проверуваат. Дали информацијата што им предизвикала непријатно чувство треба веднаш да ја споделат или треба да застанат и да размислат, рече Пауноска.

Според новинарот Огнен Јанески, медиумите, особено онлајн-порталите и телевизиите, се клучни фактори за пренесување на информациите и имаат обврска да внимаваат со нивните содржини да не  придонесуваат да се шири говорот на омраза.

-Нивната обврска е да не додаваат „масло во огнот“, нивната обврска е да се борат со предрасудите и стереотипите на начин кој се покажува преку целата нивна работа, преку зборовите кои се користат во текстовите. На пример, кога читате наслови во кои е истакната етничката припадност или други карактеристики на лицето што извршило одредени криминални дејствија, тоа е сосема неважно во известувањето. Порано, во други времиња, веројатно било, денес не е важно, рече Јанески.

Доан Сулејманоски, директор на средното училиште „Шаип Јусуф“ во Скопје, истакна дека социјализацијата е клучен фактор во која децата усвојуваат систем на вредности и ставови за другиот и дека во тоа голема улога има најпрво семејството, а потоа училиштето. Го радува, рече, што во последно време во нивното училиште покрај деца Роми, учат и Македонци.

– Кога се отвораше нашето училиште, имаше страв дека ќе предизвика поголема сегрегација, дека ќе биде штетно за нивниот развој, дека ги затвораме Ромите во Шуто Оризари итн. Но нашето училиште е позитивен пример дека не мора да значи оти училиште во една локална средина треба да биде отворено само за таа етничка заедница, додаде Сулејманоски.

Стереотипите и предрасудите се многу чести и во однос на лицата со попречености. Маргарита Гулевска, директорка на невладината организација „Отворете ги прозорците“, како пример го посочи случајот со 11-годишното девојче со Даунов синдром во Гостивар, издвоена од нејзините врсници на барање на нивните родители.

-Во нашето општество традиционално градиме стереотипи и предрасуди за различни работи и не е поштедена ни попреченоста. Немањето информации е, генерално, најголем проблем. Кога ќе ги имате доволно, ќе може да си изградите сопствено мислење. Кај нас  тоа што ќе го каже комшијата и пријателот е многу порелевантно од тоа кога ќе отворите книга или медиум и ќе го најдете како точен факт, рече Гулевска.

Панел-дискусијата се реализираше во рамки на Деновите на медиумската писменост 2022“ што ги организира Мрежата за медиумска писменост, годинава под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе