Уметноста на рачно направените тестенини
Секогаш кога не знаете што да јадете можете да се свртите кон вашиот верен пријател – тестенините. Додека тоа за вас е само храна, некој ја доживува како вистинска уметност.
YouTube каналот Tasty секојдневно објавува видеа со рецепти и готвење, но понекогаш знае да нурне подлабоко во готвачката уметност. Овојпат тие посетија двајца готвачи кои обожуваат да ги тестираат сите можни начини на подготовка на тестенини. Најдоброто од сѐ е што тие рачно ги прават сите видови на тестенини во нивната кујна.