Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во посета на Македонија

12. мај 2011 - 8:16 | Макфакс

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Орбан по пристигнувањето најпрвин во Владата на Република Македонија ќе се сретне со македонскиот премиер, Никола Груевски.

По средбата на премиерите, средба ќе остварат и владините делегации на двете држави.  На средбата ќе биде потпишана и Спогодба за економска соработка помеѓу владите на Македонија и на Унгарија. Од македонска страна, Спогодбата ќе ја потпише министерот за економија, Фатмир бесими, додека од унгарска министерот за национален развој, Томас Фелеги.

По потпишувањето, двајцата премиери ќе дадат заеднички изјави за медиумите.

Премиерот на Унгарија, исто така, ќе учествува и на македонско-унгарски бизнис форум во просториите на Стопанската комора на Македонија, каде е предвидено да има свое обраќање.

Коментирај