Урнати два државни рекорди на Skopje Run 10K

Два државни рекорди на 10 километри на улична трка денеска беа урнати на третата по ред Skopje Run 10K  на која учествуваа околу 2.000 тркачи.

Дарио Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка каде истрча за 31:07 минути, додека Андријана Поп Арсова со 37:02 минути го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.

Во машката категорија втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова  и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во склоп на трката оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички. Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт на РСМ и Град Скопје, а ко-организатор е МВР на РСМ.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе