Македонија

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски

13. август 2019 - 15:38 | Кајгана / МИА

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милевски, осомничени во случајот „Рекет“, ќе останат во притвор уште 30 дена.

Обвинителството за организиран криминал побара продолжување на притворот на Бојан Јовановски и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена за двајцата осомничени во случајот „Рекет“.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите Кривичниот совет донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, се вели во соопштението на Судот.

Јавното обвинителство на 15 мај отвори истрага против Јовановски и Милевски за перење пари и за примање награда за противправно влијание.

Коментирај