Останати спортови

Уште еден боксер почина од удари претрпени во текот на борба

26. јули 2019 - 10:28 | Б.С.Б.

Уште еден боксер почина за само неколку дена од последици претрпени од удари во текот на меч. По Максим Дадашев, почина и аргентинскиот боксер Уго Алфредо Сантилјан.

Младиот боксер во саботата имаше борба, а по неколку дена почина од последиците зададени од ударите во текот на борбата. Минатиот викенд тој се бореше со Едуардо Хавиер Абрео, а мечот заврши нерешено.

Во текот на борбата тој крвавеше, а потоа се онесвести во текот на прогласувањето победник и не се разбуди од кома. По борбата имаше две операции на мозокот поради згрутчување, но на крајот почина.

Имаше само 23 години, а во кариерата постигна 19 победи, 6 порази и 2 нерешени борби.

Коментирај