Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на СЈО на утрешната седница

Уставниот суд денеска нема да ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, потврдуваат од Уставниот суд, иако ова е едно од барањата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“ којашто два месеца протестира и организира герила акции против владејачките политики.

Од Судот велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре во 9 часот.

Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство е распределена за работа кај судија известител, но се уште не е ставена на дневен ред.

Уставниот суд одржува седници секоја среда, а токму утре е последниот ден кога би можела да биде ставена на дневен ред оваа иницијатива за да се исполни барањето на „Шарената револуција“, до 18 јуни овој Суд да се произнесе за уставноста на СЈО.

Освен ова, граѓаните кои ја поддржуваат „Шарената револуција“ бараат да се запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од Министерството за внатрешни работи заради учество во протестите.

На членовите на партијата „Левица“ кои беа притворени заради учество во толпа која ја демолираше Народната канцеларија на Претседателот во петокот им беше укинат притворот, но тие сè уште не се на слобода, бидејќи одлуката сè уште не била правосилна.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе