Усвоен Буџетот на Општина Центар за 2024 година

Советот на Општина Центар денеска го усвои буџетот за 2024 година. Основниот буџет е проектиран на 833.611.000 денари.

Буџетот, како што велат, за наредната година е развоен, реален и транспарентен, а приоритет се дава на капиталните инфраструктурни проекти.

Новите крупни инвестиции предвидуваат: реконструкција на Спортската сала „Работнички“ во Градскиот Парк , хортикултурно и партерно уредување во населбата Капиштец – на потегот од Зебра до паркот Капиштец, реконструкција на 14 улици, меѓу кои: „Елисие Поповски“, „Светозар Марковиќ“, „Дебарца“, „Блаже Тодоровски“, поставување фотоволтаици на основните училишта, нова детска градинка во населба Пролет, доградба во ООУ „Коле Неделковски“, и др.

Градоначалникот Горан Герасимовски ја поздрави одлуката на денешната седница: „Благодарам на советниците и администрацијата на општината за сѐ што сработивме заедно во оваа година, за сите проекти што ги реализиравме во интерес на граѓаните. Благодарам за поддршката што ја дадовте за новиот буџет за 2024 и за вашите гласови за да креираме буџет што ќе биде по мерка на сите граѓани“.

Во буџетот за 2024 година планирана е и изградба и реконструкција на повеќе спортски и детски игралишта, санација и набавка на нова урбана опрема, модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување ЛЕД-технологија и со примена на современи техники за управување и надзор, поставување зеленило, изградба и дислокација на комунална инфраструктура.

Освен реализација на капиталните инвестиции, буџетот предвидува и одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање на тековните потреби за граѓаните на општината, како и проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, и други.

Проекти што се покажаа како успешни во минатото ќе продолжат да се реализираат и наредната година, меѓу кои : Нега на стари лицa - домашна нега со лиценцирани негуватели, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, прoект за афирмирање на македонската музика „Нешто што ќе остане“, финансирање и поддршка на спортски клубови, Атлетски крос - Центар 2024, субвенции за купен нов велосипед и тротинет, стипендии за талентирани ученици и деца, поддршка во образованието, набавка на смарт табли во детските градинки.

Буџетот на Општина Центар за 2024 година е донесен со 15 гласови ЗА и 3 воздржани.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе