Вајлдер: Фјури се врати од пеколот, сакам реванш

Тајсон Фјури доминираше во повеќето од рундите во WBC борбата со Дионтеј Вајлдер, а овој успеа два пати да го совлада, но според одлуката на судиите, победник немаше.

Сега светот сака да го види Вајлдер во ринг со Ентони Џошуа. Тоа би било борба за обединување на сите титули, но Вајлдер пак го сака „Кралот на циганите“.

“Само господ знае како Тајсон стана по нокаутот во 12-тата рунда. Можеби броењето беше побавно, но не се жалам. И двајцата донесовме страст во тешката категорија. Тајсон некако преживеа, се врати од пеколот. Некои мислат дека тој е победникот, некои дека сум јас, други дека е нерешено. Не заборавајте дека јас бев многу полесен и дека голем дел од неговите удари беа слаби. Јас напаѓав и мислам дека победив“, рече Вајлдер.

Тој очигледно има само една желба:

„Сериозно го сакам тој реванш пред која било друга борба. Никој друг не ме интересира. Тоа е единствената правилна постапка и најдобро за боксот. Подготвен сум кога и да посака тој. Сакам да им го дадам на навивачите тоа што го сакаат и да ја завршиме оваа приказна еднаш засекогаш. Не сакам други борби пред да се соочиме ние двајца повторно“, вели Американецот.

А пред само два дена Фјури рече дека Вајлдер нема да има храброст за реванш. Изгледа се излажа.

„Тој ќе сака да го избегне реваншот по секоја цена. Имам чудно претчувство дека би можел да обуе патики за трчање и да бега од мене. Требаше да победам и да го носам појасот WBC назад во Британија. За жал, останува во Америка. И двајцата остануваме непоразени и сега ќе мора пак да се фрла коцката“, изјави Фјури.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе