Живот

Вака луѓето во Истанбул им помагаат на уличните животни да не замрзнат

11. јануари 2017 - 19:30 | Б.С.Б.

Во Истанбул владее вистински хаос со времето, градот се наоѓа под висока снежна обвивка, стотици летови се откажани, а температурите се многу ниски. И покрај отежнатото време луѓето прават сè за да им помогнат на уличните мачки и кучиња да не замрзнат надвор, отворајќи им врати на различни продавници, ресторани, кафулиња и трговски центри.

Колкава е хуманоста на овие луѓе покажува тоа што локалните трговци им ги отворија вратите на уличните животни како привремени засолништа, во кои животните можат да се спасат од замрзнување, пишува Bored Panda.

Коментирај