Ватерло на Ливерпул во бура. По елиминацијата од Аталанта во четвртфиналето на Лига Европа, избраниците на Јирген Клоп синоќа загубија чекор зад Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата и тоа на само четири кола пред крајот. Од можни четири трофеи веројатно ќе имаат само еден, оној во англискиот Лига куп.
Арсенал има три бода предност, Сити има два меча помалку, но и бод помалку од Ливерпул и на сите на Островот, вклучувајќи го и Јирген Клоп, им јасно е дека веќе малку зависи од нив.
Германскиот стручњак сакаше триумфално да се прости од Ливерпул, но очигледно ќе се случи спротивното. Затоа тој јавно се извини.
Капитенот Вирхил ван Дајк не го криеше разочарувањето кои владее кај тимот и соиграчите.
„Дали тие навистина сакаат да ја освојат титулата? Многу сум разочаран, секој мора да се погледне во огледало и да го погледне својот настап против Евертон и да размисли дали тој дал сѐ од себе. Очигледно треба да играме подобро против тимовите кои се борат за опстанок. Ако играме каков против Евертон, немаме никакви шанси да се сметаме за кандидати за титулата“, изјави Холанѓанецот.
Ливерпул во последните четири кола игра на гости со Вест Хем, потоа дома со Тотенхем, па на гости со Астон Вила, а на крај дома против Вулверхемптон.