Фудбал

Ван Дајк: Нема да има губитници доколку Меси ја освои Златната топка

2. декември 2019 - 15:50 | Ф.З.

Откако протече документ според кој престижната награда ќе заврши во рацете на Лео Меси, холандскиот кандидат смета дека тоа сепак ќе биде вистински избор и никој не треба да се чувствува како губитник поради тоа.

Вечерва фудбалскиот свет ќе го дознае добитникот на престижната Златка топка за 2019 година. За многумина фаворит е дефанзивецот на Ливерпул, Вирхил ван Дајк, но последните информации велат дека Лионел Меси по рекорден шести пат ќе ја освои.

На Холанѓанецот не би му пречело и да не ја освои оваа престижна награда бидејќи самото номинирање за него претставува огромен успех.

„Таа вечер нема да има губитници. Јас сум многу горд што сум во потесниот избор благодарение на моите игри за клубот и репрезентацијата. Тоа е нешто за кое мора да се биде горд бидејќи не многу играчи стигнуваат до таму. Таа вечер нема да има губитници, а што ќе се случи, ќе видиме“

Последен пат кога дефанзивец ја доби оваа награда беше во 2006 година кога ја освои Италијанецот Фабио Канаваро.

Коментирај